Професорот Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата на претстојните претседателски избори.
Иако ова преиодов се шпекулираше на социјалните медиуми, сепак, на својата веб страна професорот веќе ја објави својата кандидатура, а медиумите ги покани во четврток и официјално да ги соопшти своите намери за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.
Во неговата „Визија за претседателот тој вели дека „претседателот на државата е маргинализиран, затоа ни е потребно народот да избере одговорен и способен претседател кој ќе биде независен од политичките партии и нивните претседатели“.
-Претседател на државата кој е избран најпрвин од претседателот на партијата, а потоа од партиски гласачи, во старт е со минимизирана улога и е во подредена состојба. Многу често Претседателот на државата во досегашниов период повеќе внимава да биде на линија со партиската политика отколку со интересите на државата. Политичките партии нека си избираат премиер, министри и функционери. Претседателот треба да го бира народот. И затоа е добро да се избере независен кандидат, вели Марковски и додава:
-Ќе прифатам поддршка од сите освен од поединци и партии кои макар и со една изјава го негирале повеќемилениумското постоење на македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик, пишува Марковски.
ММС се обрати до професорот Марковски, бидејќи во својата визија засега не објавува дали ќе биде поддржан од ВМРО ДПМНЕ, каде е дел од највисоките органи.
-Одам самостојно, без партија зад мене. Како ќе реши ВМРО ДПМНЕ не знам. Но, како ќе реши нека реши, може и да ме поддрши. Не само ВМРО ДПМНЕ, може да ме поддржи било кој ако сака според платформата, ако се согласува со програмата. Но, уште сега кажувам, од тие што ја негираа Македонија и македонскиот јазик не сакам поддршка, рече професорот за ММС и на крај додаде:
-Сметам дека кандидатот за претседател треба да се доопшти, да се објави многу време пред изборите, за да има време народот да се запоснае со него, за да знае точно за кого ќе гласа. Досега сите партии ги соопштувале кандидатите речиси непосредно пред изборите. А нависнина ми пречи маргинализирањето на претседателот.Поглднете ги последните претседатели, како џебни претседатели се. Народот, сепак, треба да знае и да се запознае со време со личноста, вели за крај Марковски за ММС.
(В.М.)