Актерот Хју Џекман неодамна објави дека се разделува од сопругата Дебора Ли Фурнес, а многумина се надеваа дека до тоа сепак нема да дојде бидејќи двајцата беа видени на заедничка вечера.
Поводот за вечерата беше 55-от роденден на Џекман, кој заеднички го прославија во ресторан во Њујорк.
„Изгледаа толку многу среќни. Се чини, роденденот бил добар“, изјави извор за Six.
Портпаролот на парот, кратко подоцна ја потврди ваквата информација:
„Да, вистина е. Тоа беше прекрасна вечер“.
Изворот уште истакна дека на роденденската прослава им се придружиле и нивните деца Оскар и Ава, како и неколкумина блиски пријатели.
Но се чини дека семејството се собрало само за да му го разубават роденденот на актерот откако тој и Дебора одлучија да се разделат по 27 години брак.
Неодамна сето ова го искоментира и еден од најупатените во шоубизнисот во Австралија, новинарот Питер Форд кој ги осуди гласините што кружат на оваа тема. Тој ги отфрли „лудите“ теории кои кружат за разделбата на парот и го сподели своето мислење за една од тажните причини поради кои тие се разделиле.
„Дваесет и седум години брак во светот на шоубизнисот, тоа е друго време. Такво нешто за пар во педесеттите и шеесеттите, не е ништо невообичаено. Кога нивните деца веќе се осамостоиле, сфатиле дека ништо веќе не ги поврзува и секој треба да оди пос војот пат. Некои од работите кои ги прочитав во текот на викендот едноставно беа преглупави“, изјави Питер.