Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка, која младенците ги чинела дури 50.000 евра, пишува курир.рс.
Архитект од Хрватска и стилист од Србија се заколнале на вечна љубов еден на друг.
Пејачката дошол на покана на белграѓанецот, кој со години гради кариера во светската модна индустрија, а со партнерот е во врска 10 години. Како што дознава курир.рс таа за оваа свршувачка добила 30.000 евра, но младенците на неа потрошиле уште 20.000.
Брена добила кралски третман уште на аеродром во Белград, каде ја чекал приватен авион, а на островот била шест дена, во луксузен хотел каде ноќевање во вонсезона чини 500 евра.
Стилистот од Србија бил огнен обожавател на пејачката уште од детството. Според извор на курир.рс запознаен со деталите од оваа свадба, тој сакал Брена да пее на неговата свадба и сега му се остварило. Брена пеела час и половина.