Цела Австралија денес го прослави роденденот на Љубица Бакреска. Причината е што таа денес наполни 100 години и според австралиските медиуми е најстарата Македонка, која живее во Австралија.
Љубица Бакреска родена на 7 Октомври 1923 во село Велгошти во Охрид, но со семејството живее во Перт.
А ваков голем јубилеј се слави со песна. Прославата, како што велат дел од гостите за ММС се случила во просториите на македонскиот културен центар „Илинден“ во Перт во присутсво на своето семејство и најблиските роднини и пријатели.
На нејзината возраст, која е за почит, Љубица доби честитки од цела Австралија.
Телеграми со честитки испратиле кралот Чарлс, Премиерот на Австралија, Антони Албанези, генералниот гувернер на Австралија, Дејвид Хари, премиерот на сојузната држава Западна Австралија, Роџер Кук, а од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, телеграмата со честитки за добро здравје ја прочита почесниот македонски конзул во Перт, Зоран Ќосески.
Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, 10 пра внуци и шест праа пра внуци.
На прашањето на ММС во што е тајната на нејзината долговечност Љубица одговори:
„Редовно пеење и добро шетање во природа“.
Весна Миленковска