Документарната серија „Бекам“ на стриминг платформата Нетфликс за приватниот живот и кариерата на Дејвид Бекам го привлече вниманието на милиони гледачи ширум светот, пренесува курир.рс.
Познатиот фудбалер и неговата сопруга, поранешна пејачка, а денес една од најмоќните жени во модната индустрија, отворено зборуваа за подемите и падовите на нивниот брак.
Викторија Бекам за прв пат пред камерата раскажа каков и бил животот кога во 2003 година дознала за аферата на Дејвид со асистентката Ребека Лус, која излезе во јавноста и ги откри сите детали од врската со славниот фудбалер.
Документарецот има и свои посветли и похумористични моменти. Едно од нив е прозивањето на Бекам на неговата сопруга, која се обиде да се претстави пред камерите како член на работничката класа, иако очигледно пораснала како член на високата класа.
Во популарниот клип, кој е извадок од серијата на Нетфликс, Викторија тврди дека нејзиното семејство било „многу трудољубива работничка класа“, на што Дејвид се пошегува:
„Сега биди искрена“.
Hahahaha David Beckham wasn’t having Victoria as coming from a working class family. pic.twitter.com/sVBM7IxK6T
— AFC GLEN (@AFC_GLEN) October 4, 2023
„Со кој автомобил те возел татко ти на училиште“, прашал Дејвид, а Викторија одговорила: „Не е лесен одговорот“, но нејзиниот сопруг продолжил: „Каква кола возел татко ти?
Викторија немаше каде да оди и одговори: „Во ред. Беа осумдесетти, а татко ми имаше Ролс-Ројс“, а Бекам накратко рече: „Благодарам“ и ја напушти просторијата каде што неговиот сурпуга даваше интервју.