По повод православниот празник Крстовден, денес во селото Кадрифаково ќе се одржи големиот општонароден собир.
Собирот традиционално ќе се одржи пред црквата од 10 до 12 часот. Црковните обичаи почнуваат од 10 часот, а веселбата од 12 часот.
На настанот ќе учествуваат повеќе познати естрадни имиња, како Спасен Сиљаноски, Перо Христов, Ани Малинкова, Марјан Коцев, Душко Георгиевски, Орце Стефковски, а нив ќе ги придружува групата „Овчеполски свадбари“