На оваа седница на Владата не бил ставен на разгледување Предлог законот со кој се предлага намалување на казните на затворениците, но имаше најава од Министерството за права за такви измени. Ова го кажа вицепремиерот Артан Груби, кој рече дека само што се вратил од седница, ама таков закон не се разгледувал денеска.
-Имаше најава од Министерството за правда за такви законски измени, со кои би се намалила пренатрупаноста во затворите, рече Груби.
За спроведување на амнестија се слушна прв пат во јули годинава. Намерата е да се намали времетраењето на затворските казни за 30 отсто за сите осуденици, освен за сторителите на тешки кривични дела како убиство, тероризам и организиран криминал.
Во јавноста ова се протолкува дека власта се подготвува за претстојните избори. Од друга страна, Министерството за правда, кое ги иницираше измените, без да даде детали тогаш најави дека се однесуваат за „полесни кривични дела“ поради пренатрупаноста на затворите.