Информациите за случувањата со кражби на терапии на Клиниката за онкологија ги „изнесоа“ граѓаните на протест во Скопје. Тие протестираа пред Владата од каде порачаа дека бараат одговорност и оставка од тројцата последни министри за здравство.
Протестот потоа продолжи пред зградата на Јавното обвинителство каде својот револт го изразија со фрлање јајца.
За време на протестот граѓани раскажаа за нивните лични искуства, за луѓе кои изгубиле некој близок, ги споделуваа своите приказни пред присутните.
При тоа, имаше и едноминутен молк за починатите пациенти на Онкологија.
Во петокот беше отворена предистрага за случувањата на Клиниката за онкологија, а се вршеа претреси во здравствената установа, како и во два приватни стана во Скопје. Беа одземени документи и компјутери.