На денешната прес конференција министерот за здравство, Меџити, се остврна и на КАТО системот, за кој се зборува дека е фрлен, бидејќи со неговата употреба не може да се крадат терапиите на пациентите, е
-КАТО системот не е фрлен во подрум. Заклучен е во првата соба, во склоп на клиничката аптека и таа соба е заклучена. Неколку месеци се прават финансиски анализи дали КАТО системот се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Со новиот ребаланс на буџетот предвидуваме обезбедување систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина, рече Меџити и додаде:
-Утрово имав состанок со директорите на онкологија, а утре и со стручниот онколошки конзилиум, кој одлучува кои пациенти колку терапија ќе примаат. Начинот за конкторлирање на терапијата неколку месеци наназад одлучува стручен онколошки конзилијарен колегиум. На овој начин се спречува самостојно и еднострано одлучување и злоупотреба на терапија. Секој месец ќе барам личен извештај од двајцата директори на Клиниката за онкологија. Сакам да ве уверам дека терапијата која се дава е соодветна и ефикасна и да не се прави генерализирање и напади на целиот персонал, кој во најголем дел стручно и совесно ја врши работата. Нарушувањето на довербата на пациентите кои во моментов се лечат е неодговорно и опасно. Замолувам да не се шират невистини и да не се поттикнуваат хајки. Сторителите на криминал имаат име и презиме, рече Меџити.