Малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди по пад од електричен тротинет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Илинден“, малолетничка управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Малолетничката била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, појаснуваат од МВР.