Пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Џон Џозеф постигнаа договор за развод.
Според судските документи до кои дојде ТМЗ, поранешната двојка склучила неоспорен писмен договор. Деталите се уште не се објавени, а во моментов бараат од судијата да го потпише споменатиот документ.
Минатиот месец Мартин и Јозеф заедно објавија дека се разделуваат по 6 години брак.
“Решивме да го завршиме нашиот брак со љубов, почит и достоинство за нашите деца и почитувајќи го она што го доживеавме како пар во сите овие прекрасни години. Сега нашата најголема желба е да продолжиме со здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство за да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца.Сакаме да ја зачуваме почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, се вели во соопштението.
Поп-ѕвездата дели две мали деца со Џозефа, ќерката Лусија и синот Рен. Мартин има и синови близнаци, Матео и Валентино, кои ги воспитува како самохран родител, а сите деца се родени преку сурогат, пренесува Б92.