Обвинителството во Гостивар во отвори истрага против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик.
-Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете-жртва. Снимениот видео-материјал и фотографии тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин, соопшти Обвинителството.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот гостиварец.