Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО) објави фотографии и видеа од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако лунарниот модул Chandrayaan-3 успешно слета на јужниот пол на Месечината минатата недела, пренесува Б92.
Објавата вклучува фотографии и видео од излезот на роверот Прагјан, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и фотографии направени од роверот и податоци собрани од инструментите на мисијата.
Првото видео на роверот покажува како го напушта лендерот преку рампата и се спушта на површината на Месечината, а има и видео од спуштањето на лендерот до местото на слетување со кревање прашина.
Chandrayaan-3 Mission:
All activities are on schedule.
All systems are normal.
🔸Lander Module payloads ILSA, RAMBHA and ChaSTE are turned ON today.
🔸Rover mobility operations have commenced.
🔸SHAPE payload on the Propulsion Module was turned ON on Sunday.
— ISRO (@isro) August 24, 2023
ИСРО објави дека роверот преминал осум метри и дека се активирани неговите два научни инструменти. Објавено е и видео снимено од камерата на лендерот, на кое се гледа како роверот заминува и речиси исчезнува од „погледот“ на лендерот. Има и фотографии од моментот кога роверот наишол на голем кратер, принудувајќи го да ја промени својата траекторија.
Here is how the Lander Imager Camera captured the moon's image just prior to touchdown. pic.twitter.com/PseUAxAB6G
— ISRO (@isro) August 24, 2023
Индија истакна дека целта на оваа лунарна мисија е успешно да слета на Месечината и да покаже дека оваа земја има способност да вози ровер на површината на Месечината и да спроведе научни експерименти со помош на инструменти поставени на роверот и лендерот.
Познато е дека лендерот и роверот се опремени со инструменти за различни мерења во лунарната средина, вклучувајќи ги и драстичните температурни промени помеѓу површината на Месечината и почвата под неа.
Chandrayaan-3 Mission:
All activities are on schedule.
All systems are normal.
🔸Lander Module payloads ILSA, RAMBHA and ChaSTE are turned ON today.
🔸Rover mobility operations have commenced.
🔸SHAPE payload on the Propulsion Module was turned ON on Sunday.
— ISRO (@isro) August 24, 2023
Индија успешно слета на Јужниот пол на Месечината неколку дена откако рускиот лендер Луна-25 се урна на површината на Месечината.