Организаторите на Гитарскиот музички фестивал, кој се одржува во Молдавија, денеска соопштија дека на светски познатиот уметник Горан Бреговиќ не му било дозволено да влезе во таа земја, иако тој веќе слетал на аеродромот во Кишињев, пренесува Спутник.
Бреговиќ и се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не смеел да влезе во земјата.
„Јас сум на турнеја низ цела Европа со сите мои музичари и никогаш никаде немало никакви проблеми. Многу ја сакам вашата земја и уживам во секоја прилика да настапувам во Молдавија, особено на ваков колоритен и уникатен фестивал. Многу ми е жал што ми ја ускратија радоста и задоволството овојпат да се појавам пред вас“, се вели во изјавата на Бреговиќ објавена на веб-страницата на организаторите на фестивалот.