Албанската полиција разбила криминална група која шверцувала наркотична супстанца-екстази МДМА, од Косово во Албанија и ги дистрибуирала, главно во поголемите албански градови.
-Уапсени се пет лица, од кои двајца жители на Приштина, а останатите на Тирана. Запленети се 11.300 таблети MDMA екстази во вкупна тежина од 5.093 килограми и пазарна вредност од околу 400 илјади евра.Запленети се и еден автомобил и пет мобилни телефони, изјави директорот на локалната полициска дирекција на Тирана, Тонин Вочај, на прес-конференција.
Таблетите-екстаза биле кафеава боја и имале лого на луксузната марка, Луј Витон.
Истрагата покажала дека нарко шверцерите, искористувајќи го зголемениот проток, поради туристичката сезона, пратките ги поминувале со автобуси кои сообраќале на релација Приштина-Тирана, а за дистибуција користеле изнајмени автомобили.
Уапсените, меѓу кои и една девојка, се на возраст од 24 до 40 години.
Претходно полицијата заплени над илјада таблети екстази и уапси три лица.