Градоначалникот на Тетово Билал касами на својот Фејсбук профил подели фотографии од вчерашниот пречек во Тетово на косовскиот премиер Албин Курти.
Меѓу фотографиите се појави и една на која, покрај Касами се сликани и Иџет Меџити, Африм Гаши и Албин Курти, а во толпата народ зад нив меѓу албанските знамиња, се појави и знаме со „Голема Албанија“.
На фотографијата убаво се гледа територијата во која припаѓаат делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција.
Во средена држава за знаме со етничкиот симбол се бара одговорност.
Погледнете ги фотографиите на Касами:
Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.
-Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.
Претходно во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце.