Од буџетите на 39 општини и еден плански регион со 9 општини за прскање против комарци само оваа година се потрошени 770 илјади евра. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ). (линк до базата на податоци на сите договори за јавна набавка за комарци).
Од тоа, само шест општини спровеле авионско прскање, додека 35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање, а 7 општини имале и земјено и воздушно прскање.
Вообичаено, најголем договор за уништување на комарците има Град Скопје, кој лани, за двегодишен третман против комарците од воздух и од земја платил половина милион евра.
Од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.
извор: ЦГК
Од вкупно 13 договори за јавна набавка за авионско прскање, 11 тендери добила кумановската фирма Бониер, додека останатите два, меѓу нив и највредниот, скопскиот, ги добил Аероклубот Скопје.
Кај договорите за уништување на комарците од земја, предничи кавадаречката фирма Лиса-Ком МС, со склучени 9 договори. Следен е Центарот за јавно здравје Скопје со 7 договори.
Цените што ги плаќаат општините за оваа услуга се многу различни и зависат од тоа дали прскањето е авионско или до земја, од опфатената површина, но и од бројот на третмани бидејќи многу општини предвидуваат по неколку третирања во текот на годината. Сето ова ја отежнува и споредбата на цените. Како и да е, најевтино за еден хектар прскање плаќа Град Скопје, само по 11 денари за хектар прскање од земја. Авионските прскања чинат од 216 денари за хектар колку што плаќа Град Скопје, до 2.230 денари за хектар колку што платила Карбинци, пишува во истражувањето на ЦГК.
Кога станува збор за средството со кое се прска против комарци и ларви од комарци, општините не се многу прецизни во описот. Само две општини нагласуваат дека средството мора да биде еколошко, а други две општини наведуваат и какво средство или негов еквивалент би сакале. Како и да е, сите општини наведуваат дека средството мора да има решение за промет и да биде одобрено од Министерството за здравство. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците. (линк до базата на податоци на сите договори за јавна набавка за комарци).