„Децата ми рекоа: „Избоден е, брзо носи го во болница“, сведочи возачот на Итната помош, кој го превезе прободениот навивач на АЕК во болница, откако беше повреден во Нова Филаделфија во инцидентот со навивачите на Динамо Загреб .
Како што објаснува возачот, во тоа време одел на училиште, кога исплашени граѓани го запреле и побарале да однесе во болница човек кој бил избоден.
„Отидов до местото каде што беше несреќното момче, видов дека се онесвести. Извини за тресењето… видов дека се онесвести, имаше изгубено многу крв, скоро целата. Веднаш го ставивме на носилки и потоа брзо заминавме во болницата на Црвениот крст“, вели возачот на Итната помош.
И додава: „Бев напред, возев, одев со полна гас. Не можев да знам што се случува позади. Децата ми рекоа „Избоден е, брзо однеси го во болница“. Тоа постојано го слушав… Кога стигнавме во болница, лекарите го презедоа“.
Михалис Кацури , 29-годишниот навивач почина откако беше прободен. На местото каде беше прободен, се палат свеќи, а на социјалните медиумите луѓето се простуваат до Михалис.
„Семејството Кацури го познавам долги години, бидејќи таткото на Михалис работи во нашата општина и имав среќа и задоволство да го запознам Михалис. Тој беше одличен млад, сериозен човек кој го сакаше својот тим, АЕК, без крајности и посебни проблеми, кажа градоначалникот на Елефсина, Аргирис Оиконому.
Тројца повредени, еден во тешка состојба
За потсетување, еден од навивачите на АЕК беше убиен по дивеење на навивачите на Динамо и АЕК, а еден е се’ уште хоспитализиран и е во тешка состојба. Станува збор за 21-годишен маж кој има повеќе хематоми на главата од удари. Неговата состојба е стабилна и лекарите велат дека клучни се следните 24 часа за да дадат оценка за неговото заздравување.
Исто така, во болница со сериозни повреди (краниоцеребрални повреди и скршеници на грбот), но надвор од животна опасност, е уште еден млад човек кој живее поголемиот дел од времето во Франција и бил во Нова Филаделфија (Грција) за да си ја земе сезонската карта. Според информациите на ПАЕ АЕК, тој бил нападнат со стапчиња и изгорел по телото од димна бомба, додека се обидувал да се засолни.
Третиот навивач на АЕК е хоспитализиран со полесни повреди на главата.
Повеќе од 110 лица, речиси сите Хрвати, се приведени во врска со случајот, некои, наводно, се обидувале да побегнат од земјата. Полицијата се надева дека ДНК ќе доведе до трагата на убиецот, но има големи прашања кои бараат одговор за оперативните грешки и неможноста полицијата правилно да ги идентификува и запре хрватските навивачи, кои дојдоа во Грција и покрај забраната од УЕФА.
Грчката полиција уапси 19-годишен Хрват, за кој се верува дека е напаѓачот на убиениот навивач на АЕК. Приведен е во автобус, додека се обидувал да ја напушти Грција. Уапсени се уште петмина Хрвати, додека приведените навивачи на Динамо се очекува денеска да бидат изведени пред обвинител.
„Навивачка војна“ на социјалните мрежи
На социјалните мрежи и на форумите на навивачите на Панатинаикос се шират скриншот од разговори во кои наводните сторители се „фалат“ со убиствениот напад пред стадионот на АЕК во Нова Филаделфија, кој резултираше со смрт на Михалис Кацурис(29) .
Дел од љубителите на спортот бараат повеќе информации за самопризнаените сторители, нудејќи награда за оние кои ги водат до „патеките“ на грчките хулигани кои учествуваа во убиствените епизоди.
Други бараат инструкции како да стапат во контакт со обвинител, да им дадат дијалози од социјалните мрежи кои може да доведат до сторителите, додека некои наведуваат дека веќе контактирале со властите. Во групите навивачи на Панатинаикос, дискусиите се вртат околу сторителите, како и начините на кои тие ќе бидат изолирани и предадени на властите.
Во меѓувреме, згрозување предизвикуваат признанијата, во групи организирани фанови на Фејсбук и Твитер, на Грци кои се фалат со своите „достигнувања“ во Нова Филаделфија. Некои „прикачија“ фотографии со хулиганите од Динамо и пораки со омраза. Во друг дијалог, хулиган ја коментира смртта на 29-годишното момче со циничното: „Што ми е гајле? Еден АЕК-овец помалку“, додека во дискусијата учествува и хрватски хулиган, кој им се „благодари“ на грчките „браќа“ кои се „одмаздуваат“ во нивно име.
Извор: Прототема