Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите.
Вака ја почна објавата на Фејсбук актуелниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, соопштувајќи ја радосната вест дека станал татко.
-Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка, напиша министерот.
Маринела се породила на Гинекологија и тој не ја испушти можноста да го пофали целиот тим, како и директорката.
-Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од Д-р. Викторија Јовановска, напиша тој.
Бочварски ја побара раката на Маринела во септември пред две години. Во мај минатата година пред Бога се заколнаа на вечна љубов.
Свадбената веселба ја направија лани во септември.