На денешното одбележување на 22 години од загинувањето на македонските бранители, министерката за одбрана, Славјанка Петреска беше прашана и дали се планира да се направи достоен споменик за овие деца, кои ги дадоа своите животи за татковината, а нивните семејства се жалат дека се поклонуваат буквално на банкина.
Министерката рече:
– Го дадоа најскапоценото, својот живот за нашата татковина. Лично сметам дека заслужуваат достојно спомен обележје, со кој, нема да ги вратиме назад, но ке имаме место каде достојно ќе даваме почит. Денес до Општина Желино, која е надлежна општина, ќе испратам повторно барање, како што го направив за Вејце, да биде дозволено овде да се изгради достоен споменик. Министерството за одбрана е подготвено тоа да го направи, рече министерката.
Погледнете го спомен обележјето на македонските бранители: