Здравка Рутиќ, вработена како хигиеничарка во тоалетите на главната автобуска станица во Белград, била сведок на неверојатна сцена откако дваесетгодишна девојка се породила таму.
Девојката во тоалет, донела на свет бебе.
-Слушнав како некој вика „помош“! Истрчав во тоалетот и ја затекнав девојката, многу вознемирена и тотално избезумена. Таа веќе се имаше породено, а бебето беше паднато во вц-шолјата. Го извадив бебето, целото модро. Успеав да го оживеам – раскажала Рутиќ.
Таа навела дека вакво нешто никогаш не ѝ се случило, а за среќа како што изјавила сѐ завршило добро.
Имено, кратко по овој настан дошло обезбедувањето кое повикало Итна помош. Медицинскиот тим преку телефон им дал инструкции што да прават.
Вработените ги почекале лекарите, по што сѐ завршило добро, а Рутиќ за медиумите додала дека бебето донесено на свет било машко.