Светската туристичка платформа Big 7 Travel неодамна ја објави својата годишна листа на 50 најдобри плажи во светот, пренесува Б92.
Фактори според кои ја составиле листата се синото знаме, популарноста на плажата на социјалните мрежи и впечатоците од редакцијата.
На прво место ја ставија Белата плажа на Филипините, која ја опишуваат како „нерасипан скапоцен камен“ кој може да се пофали со „лежалки, песок и кристално чиста вода“.
Второто место на оваа листа го зазеде плажата Кабо Сан Хуан во Колумбија, додека плажата Жалузи во Сент Лусија е на третото место.
Кендва во Занзибар, плажата Вајтхавен во Австралија, Ансе Сорс д’Аргент на Сејшелите, плажата Навагио на брегот на Закинтос, плажата Ланг Ко во Виетнам и плажата Хајмс во Австралија, исто така, се најдоа на првите десет плажи на оваа листа.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА. На списокот нема хрватски плажи.
Погледнете како изгледа плажата која е прогласена за најубава за 2023 година: