Постојат некои летни правила, а едно од нив е поврзано со исхраната пред пливање. Имено, постои храна која не треба да се јаде пред да пливате, но важно е да се напомене и дека не треба да влегувате во вода половина час откако сте јаделе.
Зачинетата храна е опасна бидејќи телото е во хоризонтална положба додека пливате, па може да почувствувате киселини во стомакот, а зачинетата храна само ќе ја влоши ситуацијата. Затоа пред пливање не конзумирајте зачинета храна.
Овошните сокови и газираните пијалоци може да доведат до надуеност и грчеви.
Алкохолот ја намалува способноста за брза реакција и проценка, а тоа може да биде опасно додека пливате.
Исто така, не јадете леќа, грав или грашок бидејќи содржат многу влакна кои се добри за здравјето, но може да предизвикаат грчеви, а тоа може лошо да се одрази врз уживањето на плажа.
Извор: svetplus.com