По петдневна потрага, нуркачите од армиските специјалци Волци и полициските Тигри го пронајдоа телото на 29-годишното лице кое исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион.
Момчето исчезна пред шест дена, по што на терен излегоа екипи и на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасувања, а при потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово.
Телото на давеникот во Глажња е пронајдено и извлечено денеска околу 15 часот – соопштија од ЦУК.