Познатата водителка Сања Кужет ги спакува куферите и со својот сопруг замина за Ровињ.
Сања ретко и го покажува својот сопруг во јавноста, но во оваа прилика беше „принудена“ да го направи тоа бидејќи се работеше за многу важен ден за нив.
Како што напиша таа во описот под фотографијата на која позира покрај море, тие одбележуваат девет години откако се заедно.
Во една прилика претходно, Сања откри дека нивната љубовна приказна почнала кога биле средношколци.
„Бевме во врска на почетокот на нашите дваесетти. Десет години подоцна повторно се видовме, но тогаш сѐ беше полесно. Доволен беше само еден поглед за да се разбереме, без преголемо објаснување и губење енергија на неважни работни“, изјави Сања.
„Направив граница помеѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се делови, тоа е нашата заедничка желба“, додаде водителката.