Последната објава на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, за кратко време стана вирална, со што предизвика урнебесни реакции на социјалните мрежи и ги доведе до солзи од смеа неговите следбеници, пренесува република.рс.
Станивуковиќ на социјалната мрежа ТикТок закачи видео со баба му Госпа, како заедно возат скутер на отворено море.
Баба му, која има 83 години, одлично се снајде со возење, а како што откри градоначалникот баба му само што научила да вози скутер.
-Ревматизмот на баба го лекуваме во Игало. Уште 100 години да е жива… Одиме Госпо како на Титаник! Добри луѓе, морам да кажам дека го имам најсилниот возач – рече Драшко во својот клип што ги обиколи социјалните мрежи.
-Кога доживеа да те вози баба ти… Се плашам на мотор, но не се плашам на скутер – се насмеа Госпа.