Најстарата британска рок-ѕвезда Мик Џегер, кој своевремено изјави дека „стареењето е гњаважа“, денеска го слави својот 80-ти роденден, но фронтменот на Ролинг Стоунс изгледа не покажува знаци на старост.
Шоуменот има намера да го прослави роденденот како доликува, со голема забава во југозападен Лондон, објавија британските таблоиди.
Џегер, мангуп, секс симбол и неспоредлива рок-ѕвезда, со децении е на насловните страници на медиумите, известувајќи за неговите ексцеси и провокации. Тој продолжува да ја плени публиката со својот настап на сцената.
Неодамна тој беше на турнеја низ Европа со бендот за да ја прослави 60-годишнината на групата. Турнејата за прв пат се одржа без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.
Иако Џегер е во одлична форма, тој имаше операција на срцето во 2019 година. Сепак, неговата контролирана исхрана заснована на античка јога, консумирање билни сокови, овошје и витамини ја зачувале неговата витка линија и физичка форма.
Ролинг Стоунс станаа познати и по својата музика и по своите ексцеси во приватниот живот, со употребата на дрога, а потоа и незаузданиот сексуален живот.
Џегер, кој ја доби титулата „Сер“ од британското кралско семејство во 2003 година, повеќе не е див тип и непријател на естаблишментот.
„Сер Мик“, кој има проценето богатство од околу 310 милиони фунти, често се гледа во ложата на натпреварите во крикет во Англија.
Џегер од 2014 година е во врска со американската танчерка Мелани Хемрик, со која има дете и со која стана татко по осми пат.
Водачот на бендот има и деца од четири претходни врски, пренесува курир.рс.