Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.
– Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.
Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.
Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.