Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер летува на преубавиот шпански остров Палма де Мајорка со својата сопруга Мирка, тенисерот Томи Хас и уште некои пријатели.
Она што на сите им падна во очи е тоа што најбогатиот тенисер на светот се забавува онака како што тоа порано го правеа луѓето од овие простори – на педалинка.
Него не го интересираат скапи јахти, лежалки, коктели и приватни клубови. Речиси никогаш јавноста не го видела вака опуштен, а и Мирка која никогаш подобро не изгледала.
Најбогатите дефинитивно сфатиле дека среќата е во малите работи.