На плажата „Хидробаза“ во Пула, Хрватска, беше отворен првиот бар за кучиња на плажа. Го доби името по ономатопејата на кучето – „Вау“ (Wau).
Освен што милениците имаат плажа само за себе и за своите сопственици, по капењето сега можат да се освежат и со пиво за кучиња, па сладолед за кучиња и бројни други грицки наменети за нив, објави хрватски „Индекс“.
Жителите на Пула и нивните четириножни пријатели сега можат целосно да уживаат во летото, велат околните љубители на животни.