Џиџи Хадид (28) е уапсена и обвинета за поседување марихуана и прибор за дрога, откако минатата недела таа пристигна на Кајманските острови, пренесува TMZ.
Имено, таа допатувала со приватен авион на 10-ти јули и поминала царина со својот багаж. Вработените во царинската и граничната контрола ја зеле нејзината торба и откако поминала низ скенер, рачно ја пребарале. При тоа, нашле „мала количина трева и прибор за пушење“. Утврдено е дека марихуаната е само за лична употреба иако Хадид и нејзиниот партнер се уапсени под обвинение за увоз на марихуана и прибор за пушење канабис.
При тоа, Џиџи е процесуирана во притворскиот центар на Кајманските острови каде е договорена кауција, по што подоцна била пуштена. Таа исто така е казнета и со илјада долари, а наводно во нејзиното досие нема осуда.