Внимавајте кого пуштате дома да ви чисти. Жена од гостиварско викнала да и ја седат куќата, па ја испокрале.
-На 17.07.2023 во 12.20 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(40) и 37-годишната З.С., двајцата од Неготино, гостиварско, кои претходно биле пријавени од 35-годишна жителка на гостиварска Топлица дека извршиле кражба во нејзината куќа, во која биле ангажирани за чистење и средување на внатрешните простории. Кај нив било пронајдено одземеното и било вратено на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.