Легендарниот актер, Миодраг Петровиќ Чкаља кој со децении ги засмејуваше сите, е роден токму на Светскиот ден на шегата, а со една колешка која поради него останала без работа, не бил во добри односи
Неговата приказна со сопругата Драгица за многумина била синоним за вистинска љубов. Љубовната приказна на Миодраг и Драгица почнува во 1948-та, кога тие се венчале. Нивната свадба била мала, во кругот на најблиските пријатели во една кафана. Неколку години по свадбата им се родил син. Драгица своевремено открила дека сите соседи го сакала Чкаља.
„Понекогаш знаеше да дотрча во најголемата гужва, но со букет в рака. По три месеци, Чкаља ми донесе прстен. Го купил за 50 динари. За жал при селењето од стан во стан јас го загубив најдрагоцениот спомен. На почетокот од нашиот брак бевме сместени во една соба. Од тогаш досега се селевме пет пати. За секое ново соседство, Чкаља претставуваше вистинска атракција. Луѓето ѕвонеа на нашата врата и бараа да го видат или да им даде автограм“, раскажала Драгица во едно од интервјуата.
Таа сакала да се посвети на семејството, па по раѓањето на детето ја напуштила работата.
Знам што сакате да ме прашате, дали сум задоволна со животот во сенка. Но јас работев некогаш, многу одамна како водителка на радио. Ја сакав својата работа. Ја оставив без жалење и каење поради моите најблиски. Се инвестирав во тоа семејство, го поддржував сопругот, воспитав прекрасен син, сега помагам во чувањето на внуците. Инвестиците ми се вратија, многу сум среќна и спокојна. Не тврдам дека мојот живот треба да послужи како „рецепт – но мене ми одговара, а тоа сепак е најважно“, истакнала таа.
Во интервјуто, Драгица додала дека тие живееле како и секое друго семејство.
„Во првите години од бракот тој одеше на пазар, не снабдуваше со намирници, се грижење за учењето на синот. Тој многу сака да оди на пазар, но денес нема време. Дури не може да премине преку улица, без некој да го застане и да го праша нешто. Кога тој е дома, ние имаме една семејна идила. Јас одам да пазарам и потоа се грижам за целиот стан. Додека сум на пазар, Чкаља ми подготвува изненадување, знае да ми купи цвеќе или да направи кафе. Навечер за да ме забавуваат, тој и синот подготвуваат мала театарска програма“, додала таа.
Публиката го гледаше Чкаља во бројни театарски претстави, тој бил дел од над 25 филмови, како и 32 хумористични серии. Почина на 80-годишна возраст на 20 октомври 2003 година.
Извор: mondo.rs