Една жена која одлучила својата невообичаена животна приказна да ја сподели со медиумите, а сепак да остане анонимна, се соочила со смртта на својот сопруг на најбизарниот можен начин.
Имено, ѝ било јавено дека тој починал откако му откажало срцето за време на сексуален однос со неговата љубовница. Со оглед на тоа дека веќе било доцна за одмазна, вдовицата сепак не се откажала од својата намера да им покаже на сите колку многу ја повредил нејзиниот партнер. Таа се водела од мислата „памти па врати“. Кога им соопштила на роднините на починатиот што ќе пишува на неговата надгробна плоча, тие се обиделе да ја предомислат, но жената била доследна и сакала да го спроведе во пракса она што го наумила. Роднините се обиделе да го натераат синот да влијае на мајка си, но и тој бил на нејзина страна.
„Мојот татко со години ја изневеруваше мајка ми со колешка од работа. Тој реши да се разведе од неа и да нѐ остави за да се пресели и да почне нов живот со новото семејство. Се однесуваше како да не постоиме, неговото однесување нѐ шокираше“, истакнал синот.
Момчето истакнало дека татко му се скарал со сите поради својата љубовница и ја напуштил куќата.
„Мајка ми беше шокирана кога тој ѝ побара развод по толку години. Ѝ рекол дека не го интересираат ни децата бидејќи има млада партнерка со која сака да има деца. Сфаќавме дека е заљубен, но тој целосно полуде. Ни даваше рокови за да се иселиме од куќата, а потоа да ја продаде и да купи нов дом во кој ќе живее со љубовницата“, открил синот за медиумите.
Сепак судбината не била на страната на човекот кој решил да се откаже и од сопругата и од трите деца.
„Татко ми се отсели и рече дека ќе поднесе документи за развод. Набргу потоа на мојата мајка ѝ соопштија дека тој починал од срцев удар за време на секс со љубовницата. Куќата ни остана нам. Ја поддржувам мајка ми во одлуката да го напиша на надгробната плоча она што таа мисли дека треба“, заклучил синот.
На погребот на човекот присуствувале голем дел од неговите роднини и пријатели, а на надгробната плоча го пишувало следното:
„Овде почива нашиот сакан син, маж, татко и прељубник“.
Извор: srecna.republika.rs