Водителот на Би-Би-Си Хју Едвардс е именуван како личност која малтретирала дете и му платила 35.000 фунти за експлицитни фотографии.
Скандалот кој ја тресе британската телевизија трае повеќе од една недела, а за тоа време ниту еден медиум не откри за кој водител станува збор.
Името на Едвардс го откри неговата сопруга Вики Флинд, откако таблоидите со денови пишуваа за деталите од скандалот, без да откријат за кој „познат водител со повеќедецениска кариера“ станува збор.
„Мојот сопруг страда од сериозни проблеми со менталното здравје и е во болница, каде што е згрижен и каде ќе остане во догледна иднина“, рече таа.
По објавата на неговата сопруга, водителката Софи Роворт во живо на „Би-Би- Си“ потврди дека Едвардс му платил на детето за експлицитните фотографии.
„Во последните неколку минути беше откриено дека маж е обвинет дека платил малолетник за експлицитни слики, нашиот колега Хју Едвардс“, напишала Софи.
Уредничката за култура на Би-Би-Си, Кејти Резал, додаде дека оваа вест сигурно ќе ги шокира гледачите, бидејќи Едвардс „со години ги отелотворува вредностите“ на таа телевизија.
Сопругата на Едвардс во живо објави дека тој е водителот во центарот на скандалот, кој платил барем еден малолетник за експлицитни фотографии. Малолетникот ги искористил парите – 35.000 фунти собрани во текот на три години – на дрога, а од објавувањето, уште најмалку тројца млади се појавија со обвинувања против водителот.
Многу водители на „Би-Би-Си“ со денови беа принудени да негираат на социјалните мрежи дека се во центарот на приказната, апелирајќи до колегите да се именуваат, пренесува мондо.рс.