Денес во пет часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во Шуто Оризари има починато бебе, соопшти МВР.
„Според пријавеното, откако таткото Џ.Р.(32) забележал дека бебето не дише, повикал екипа од Итна медицинска помош која констатирала смрт без видливи траги на насилство“, информираат од министерството.
Полициски службеници излегле на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.