Телото е на обдукција, а институциите засега без детали. Се трага по одговорите – што точно се случило со жената на возраст од 42 години?!
Таа завчера била донесена веќе почината во велешката болница.
Настанот за Телма го потврдија од велешката полиција.
Сѐ се случило пред два дена, и од полиција ги чекаат официјалните резултати за причини, пред да изнесат повеќе детали.
„На пети јули во 16.30 часот од ЈЗУ Општа болница-Велес е пријавено дека кај нив е донесено починато лице Х.Д (42) од село Јаболчиште, општин Чашка. Донесена е на одделението за неврохирургија по наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Додека не заврши обдукцијата немаме поконкретни информации за причината за смртта, изјавила за Телма Оливера Трајковса, портпарол на СВР Велес.
Извори од велешката болница за Телма велат станува збор за пациентка која и претходно била хоспитализирана во болницата. Имала неколку болести, меѓу кои и срцево заболување по второто породување на 39-годишна возраст.