Брак.. Проблеми… ЀПрезаситување… Старост.
Прочитајте ја оваа исповед на Снежана:
„Имам шеесет и нешто години и сакам да живеам сама, во брак сум од 22 години и сега решив да се разведам.
Со истиот човек живеам цел живот, со него имав и 3 здрави деца кои фала богу сите си заминаа од дома во потрага по својата среќа.
Ова се моите причини зошто сакам да го напуштам сопругот и да бидам слободна жена на старост:
1.Никому ништо не должам во животот.
2. Кога ќе се разведам, не треба никому да се извинувам за тривијални работи како: зошто ги оставив влечките пред врата или зошто не ја затворив вратата од оставата, чајната кујна.
3.Повеќе нема да ги перам туѓите валкани чорапи, да готвам супи, да месам колачи… Сега ќе се грижам за себе и за своето здравје и ќе готвам само што сакам да јадам.
4.Повеќе нема да морам да се грижам за тоа каде се наоѓа мојот сопруг. Дали се опијанил со пријателите, дали застанал на пиво и седнал пред продавницата…
5.Отсега ќе живеам само за себе и за моите деца. Ќе се посветам на хоби и до мене нема да има маж кој ќе ми каже „Луда, зошто сакаш да го правиш тоа на таа возраст?“
6.Не сакам повеќе да живеам покрај човек кој ќе ме „поклопува“ пред неговите роднини на забава, преправајќи се дека ја испил сета мудрост на светот.
7.Доста ми е. Чувствувам дека ми останаа уште 10-тина квалитетни години во животот и сакам да ги поминам сама и слободно“.
Што би и советувале на Снежани? Дали е исправен овој нејзин чекор?