Со улични блокади и оган од запалени гуми одговорија дел од жителите на селото Слупчане, откако ЕВН синоќа им ја исклучи струјата. Екипите на ЕВН биде спречени да влезат во селото и интервенираат. Лица од Слупчане ги искршиле катанците на енергетски објект на Електродистрибуција и насилно влегле. При тоа, без струја ги оставија жителите и од соседните села Оризаре, Ваксинце и Лојане.
Селаните на Слупчане синоќа го блокираа влезот, како и пред еден месец, кога беше нападната екипата на ЕВН.
Дистрибутивната компанија соопшти дека жителите на Слупчане не плаќаат за потрошената струја и долговите се милионски. Синоќа екипите, според медиските извештаи се обиделе да влезат во селото и да ги извадат броилата. Од ЕВН велат дека нема да интервенираат и да го приклучат селото кон енергетскиот систем доколку не добијат гаранции за нормална работа.
“Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат”, соопштуваат од компанијата.
Според ЕВН вкупните загуби поради кражби во село Слупчане достигнуваат над 1 милион евра или околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија е украдена, додека само една третина или 20% од фактурираната енергија се плаќа.
Прочитај повеќе: Не плаќаат струја, прават милионски долгови – Блокади во Слупчане, ЕВН ја исклучи струјата