„И семето и племето“, „Заветна“ и „Ако умрам ил загинам“, „Да си жив и здрав“, „Две експреса и бонаква“, „Право дома“. „Диши длабоко“, „Овер досе од блуес“,„Каква е оваа ситуација“… Ова се само дел од песните кои се сместени на албумот „Првите 30“ на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кој бреше промовиран вчера во Дебар Маало во Скопје.
Игор Џамбазов и Игор Атанасоски-Гуру Харе синоќа заедно со многу пријатели, колеги, соработници и обожаватели по официјалната промоција и потпишување на албумите направија журка, како што само тие знаат. Песни испеани во живо од двајцата долгогодишни пријатели и соработници, а межу секоја песна раскажуваа случки од создавањето на песната и анегдоти. Во негов стил игор и доделуваше пофалници за долгогодишни соработници кои биле со нив изминатите три децении.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски
Но, не беше причина само новиот албум, туку Игор на обожавателите го потпишуваше и неговото 20т издание на книгата „Гол човек“.
Секако Игор не ги заборави и соработниците на албум, кој е печатен во „Сони Австрија“, некои се повторно снимени во студиото Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој е и продуцент на албумот…