Во медиумите одекна веста дека музичарот Момчило Бајагиќ Бајага наводно завршил на клиника за рехабилитација од алкохолизам, а сега се огласи и самиот Бајага.
Пејачот истакна дека никогаш не се чувствувал подобро и во таа прилика ги демантираше наводите дека завршил на споменатата клиника.
-Супер сум, не знам што можевте да добиете, се чувствувам одлично, никогаш подобро! – рече Момчило и додаде:
-Не е точно тоа за лекувањето. Немам проблеми, се чувствувам добро, благодарам за грижата – искрен бил Бајага, пренесува Република.рс.
Бајага по 33 години брак се разведе од сопругата Емилија.
-Иако не сум приврзаник на јавното мислење и тоа дека во жолтиот печат треба да протекуваат работи од приватниот живот… Веројатно веќе знаете… Па да се изјаснам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.
Неодамна екипата на емисијата „ПапарацоЛов“ го фати пејачот пред зградата во која живее со својата нова партнерка, а како што понатаму изјавија, музичарот го продал својот луксузен имот за 700.000 евра.
Неговата партнерка не и е позната на јавноста, а како што може да се види на видеото, парот ужива во љубовта надвор од љубопитните очи.