Се појави средство кое претставува иновативно „тајно оружје“ за зголемување на машкиот полов орган. Всушност, станува збор за растворливи инјекции за пенис.
„Се чувствувам како да држам безбол палка“, изјавил дваесет и петгодишниот Карлос М. додека во изјава за The Post го објаснувал својот полов орган.
Карлос е еден од многуте мажи кои ги „прошируваат своите хоризонти“ со инекции за зголемување на пенисот на база на хијалуронска киселина. Се работи за нехируршка метода, која трае повеќе од една година. Ваквите процедури за полнење на пенисот со филери постојат од 2016 година, но нивната популарност се зголеми оваа година.
Маж од Бронкс кој сакал да остане анонимен, добил за 3,8 сантиметри подолг пенис откако се обратил до компанијата за козметичка медицина Lushful Aesthetics чие седиште е во Њујорк.
Докторите со помош на вваквите инјекции може да го продолжат пенисот за 1,27 см по сесија, а некои пациенти додаваат дека зголемувањето од 5, 08 см им ја зголемило самодовербата.
Основачот на компанијата, д-р Крис Бустаманте кој е специјалист по естетска медицина, изјавил дека клиентите варираат од обични работници до порно ѕвезди.
Според него, ваквата процедура во моментот е во мода и допрва почнува да излегува на виделина.
Коосновачот на фирмата PhalloFILL, вилијам Мур во Далас изјавил дека пред три години почнал со вбризгување на пријателите и луѓето кои ги познавал. Сега има вкупно 16 франшизи, од Лос Анџелес до Детроит и Мајами.