Цела Италија се крена на нозе по недозволивиот потег на турист Иван.
Тој се осмели да го сквернави симболот на Рим – познатиот Колосеум, издлабувајќи го своето и името на својата девојка. Постапката е снимена, а видеото со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи.
Младиот човек очигледно не бил свесен што прави и дека го чека огромна казна.
Речиси 2.000 години стариот Флависки театар од римската ера е непроценлив за римската култура, а луѓето од целиот свет доаѓаат да го видат ова импозантно здание. Целиот државен врв, особено министрите за туризам и култура, се вклучи за што поскоро да се најде виновникот и соодветно да се казни.
На ѕидот на Колосеумот беше испишано „Иван + Хејли 23“, а тоа беше токму во периодот кога жителите на овој град веќе се жалеа на големиот број туристи кои оваа сезона го преплавуваат главниот град на Италија, а многу е очигледно дека рекордот од 2019 година ќе биде соборен..
Доколку биде пронајден, казната со која се соочува туристот Иван е од 15.000 долари до пет години затвор.
ROME—Italian Government is seeking to identify this tourist, who carved the name of his girlfriend, “Hayley”, into the wall of the Colosseum.
Do NOT visit a country and deface historical and/or sacred landmarks.
pic.twitter.com/ngcJ4jI8Ct
— Bree A Dail (@breeadail) June 26, 2023
-Се надевам дека туристот ќе биде санкциониран за да ја разбере тежината на неговата постапка. Не можеме да дозволиме оние кои ја посетуваат нашата земја да мислат дека можат така да се однесуваат – изјави Даниела Сантанче, министерка за туризам, повикувајќи на почитување на италијанската историја.
Турист од Русија во 2014 година на ѕидот на Колосеумот ја изгравира големата буква „К“ и беше казнет со 20.000 евра и четири години условна казна.