„Дрин Ахмети, примерот што мора да се следи! Пред да заминете на печалба, помислете на Дрин како пример за успех во Северна Македонија, пишува Ирфан Агуши за ИНА.
„Доволно е да сте под 30 години, да најдете 62-годишен милионер, по можност Австриец или Швајцарец, кој има за цел да инвестира во вашата иднина, да научите англиски како продавач и тоа е тоа.
Швајцарија и Германија повеќе не ви требаат, можете да ги најдете во Скопје. Без ниту еден цент станувате косопственик на бизнис од 26 милиони евра.
Колку само се одлични политиките на ДУИ! Заборавете на брзата храна, рестораните, пицериите, отпадоците, болниците! Еве, го имате примерот што треба да го следите.
И што е најважно, не заборавајте да се молите за душата на Али Ахмети“.
извор: ИНА