Една Американка на ТикТок ги сподели своите впечатоци за Хвар и откри што ја изненадило.
Ниав во видеото откри дека последен пат била на Хвар пред четири години.
“Јас сум на Хвар, не сум бил таму четири години. Хрватска ја смени валутата во евро. Погодете колку чини лежалката сега во познатиот бар на плажа Хула Хула… 40 евра!!! По лице, за една лежалка. Ве молам?!“ рече тиктокерката, шокирана од промената на цената од нејзината последна посета на островот, пренесува индекс.хр.
„Извинете, но што?! Хвар полуде“, додаде таа во описот. „Шокантно е колку цените пораснале во последните години“, коментира таа.
@mylifeincroatia I’m sorry, but whaaaattt?! Hvar is wild🤯 #hvar #hvarisland #hvarcroatia #croatiatravel ♬ original sound – Niav in Croatia ✨
И додека некои беа згрозени од цената, други рекоа: „Знаеше каде одиш“.
„Ова се нормални цени насекаде низ Европа“, „Само не одете на места што мислите дека се скапи“, „Па Хрватска е топ дестинација денес, веќе не можете да очекувате источноевропски цени“, „Изгледа дека некои луѓе сè уште не го разбираат значењето на инфлацијата“, „Понуда и побарувачка“, „Хрватска е најубавата земја во светот, не е земја од третиот свет“, напишаа тие.
Најсончевиот остров во Хрватска – така го нарекуваат. Хвар секоја година го привлекува вниманието на илјадници туристи, а цените вртоглаво пораснаа. Просечно четиричлено хрватско семејство тешко може да си дозволи патување до Хвар, а камоли неколкудневен одмор. Цената на едно обично парче пица во пекара оди и до 5 евра, додека за пица во некој од рестораните треба да потрошите околу 15 евра.
-Посебен луксуз се чадори за сонце и лежалки на плажа, а цените одат и до 40 евра за лежалка. Ако сакате малку да се опуштите во жешките летни ноќи, добро подгответе го паричникот бидејќи цените на алкохолните пијалоци одат од 10 евра нагоре – вели сплиќанка која често службено патува на Хвар, пишува курир.рс.