ДУИ во Македонија стана партија која е недопирлива, ако се земе во предвид целиот период наназат особено на полето на борбата против организираниот криминал и корупција, кажа при денешното гостување во емисијата „Стадиона“ на Канал 77 на Зоран Димитровски-Жоро од Демократскиот сојуз.
„Не видовме до сега ниту еден од ДУИ да одговара ниту за криминал, ниту за корупција. Видовме во оваа т.е претходната Влада двајца генерални секретара кои одговараат за дела за корупција и криминал. Еден од нив е Албанец-Мухамед Зеќири. Значи не е проблем да сте Албанец, ама да не сте од ДУИ,“ образложи Димитровски.
„Значи тука зборуваме за дуизација, не за албанизација. Значи и Албанци коишто им сметаат на ДУИ и тие треба да бидат„елиминирани“ ако не се од ДУИ. Факт е дека до сега од ДУИ никој не одговарал,“ додава Димитровски.
Во врска со Уставните измени кажа дека измени ќе има единствено по подадена рака од Софија, да докаже дека навистина е заинтересирана за добрососедство.
„Јас се надевам и би ја охрабрил Владата на ГЕРБ- ПП дека може меѓу другото да реализира некои од пресудите од Стразбур, да регистрира неколку здруженија и да видиме дека од таа страна навистина постои желба за добрососедство. Во тој случај не е проблем да ги прифатиме Бугарите во уставот,“смета Димитров.
Целиот разговор проследете го на следиот линк