Недостигот на сон се поврзува со многу болести, но и со прекумерна тежина и намалена концентрација. Поразителен е фактот дека сѐ повеќе луѓе не можат и не знаат како да го подобрат квалитетот на сонот. Сепак, за тоа има лек и научниците на оваа тема ѝ посветуваат се’ повеќе внимание.
Вообичаените совети се однесуваат на тоа дека во собата во која спиете, неколку часа пред да си легнете треба да го исклучите телевизорот или компјутерот за да создадете рутина. Исто така, постојат и неколку ритуали што можете да ги правите, ако сакате да си овозможите длабок и мирен сон.
Ослободете се од стресот во текот на денот по пат на медитација, или пишувајќи го на хартија тоа што ве мачи. Важно е да пронајдете издувен вентил за да заминете в кревет со смирен ум.
Поставете си таканаречена деловна граница. Тоа значи дека работата треба да ја оставите во канцеларијата. Во тоа може да ви помогне еден едноставен ментален трик – кога ќе дојдете дома истуширајте се и облечете си некоја друга, полесна облека.
Иако ова често се повторува, многумина не се свесни дека кафето, чајот и алкохолот може да ги држат будни со часови. Кофеинот се задржува во телото во период од шест до девет часа, поради што не би требало да пиете ниту една од овие работи по 14 часот.
Организирајте го своето време подобро, за да не морате ноќните часови да ги користите за извршување на обврските, меѓу кои е и подготовката на храна. Некои оброци може да се приготват однапред, па така ќе ви остане драгоцено време за одмор во текот на вечерта.
Испланирајте го денот однапред, така што ќе ги запишете вашите обврски, ќе одберете која облека ќе ја носите, па дури и храната што ќе ја јадете. Ваквите подготовки ќе ви го намалат стресот, а фактот дека сте го „сортирале“ својот ден ќе ве смири и така полесно ќе потонете во сон.
Извор: sensa.hr