Марија Шерифовиќ го посетила момчето од Зеница кој спиеше под мостот,а Мустафа Хрустиќ и со тоа го исполни ветувањето.
Кога дознала за неговата тажна приказна дека нема дом, но и дека е талентиран за музика, решила да му помогне.
Шерифовиќ сега го изненадила со посета, па дошла во станот во кој неодамна се вселил. Марија на Мустафа ја платилаа киријата за станот за следната година, поточно од крајот на август годинава до крајот на август следната 2024 година.
Покрај пари за кирија, на газдарицата и дала пари и за сметките за следната година.
По посетата на Марија, нејзиниот менаџер го однел Мустафа во блискиот ресторан во неговата родна Зеница, каде што, додека сакал, ќе има бесплатни оброци – три пати дневно.
-Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници такви примери, но ако малку му го подобриме животот и му го олесниме, макар и за момент, тоа е тоа за една година… – изјавила Марија во својот блог, пренесува порталот Пинк