Министерството за здравство попладнево соопшти дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.
Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.
Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.
За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.