Мечка во Колорадо успеала да влезе во куќата преку прозорецот на горниот кат од семејниот дом.
Сопственикот на куќата не бил дома во моментот, а случаен минувач од безбедно растојание го снимил провалникот додека чекал помош од стручните служби.
Мечката неколку пати влегувала и излегувала низ прозорец на катот, а откако ја пребарала куќата, избегала низ прозорец од првиот кат.
На социјалните мрежи е објавено видео од љубопитна мечка:
Сопственикот на домот Рајан Мекфарлан изјави за Фокс31 дека бил на работа кога дознал дека мечката упаднала во домот.
„Мечката се послужила со кременадлите, кои ги подготвив за вечера, а земала и грицки од оставата, чајната кујна. Превртела неколку саксии со собни растенија – не направила ништо страшно“, рече Мекфарлан, пренесува Н1.инфо.рс.